Правила за употреба

Добре дојдовте на Sudoku.net Овие „Правила за употреба“ („Правилата“) важат за вашиот пристап до и користењето на www.sudoku.net и сите други веб-страници или услуги коишто се поврзани со правилата (заедно „Услугите“). Услугите ги овозможува Edito Sarl. („Edito“ или „ние“), а вашето користење на услугите е предмет на овие правила. Овие правила на никаков начин не ги менуваат правилата и условите на кој било друг договор што можеби го имате со Edito за производи, услуги или друго.

ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ОВИЕ ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА. СО ПРИСТАПУВАЊЕ ДО ИЛИ СО КОРИСТЕЊЕ НА НАШИТЕ УСЛУГИ, СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДА БИДЕТЕ ОБВРЗАНИ СО ОВИЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИТЕ ОПИШАНИ ОВДЕ И СО СИТЕ ПРАВИЛА ВКЛУЧЕНИ СО РЕФЕРЕНЦА. АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО СИТЕ ПРАВИЛА, НЕ ГИ КОРИСТЕТЕ НАШИТЕ УСЛУГИ.

1. Исполнување на условите

Услугите не смеат да ги користат лица помлади од 18 години без надзор од родител или старател што се согласува да биде обврзан со правилата. Потврдувате и гарантирате дека сте на возраст од најмалку 18 години (или возраста на која станувате полнолетни според важечките закони) или, ако не е така, сте ги разгледале правилата со родител или старател и дека тој или таа се согласува да биде обврзан/а со овие правила.

2. Приватност

Разгледајте ја нашата „Политика за приватност“ за информации околу тоа како ги собираме, користиме и споделуваме информациите за корисниците на нашите услуги.

3. Сопственост

  • Материјали на Edito. Услугите содржат содржини коишто ги вклучуваат, без ограничување, логоата на Edito и сите дизајни, текстови, графици, слики, информации, податоци, софтвер, звучни датотеки, други датотеки и нивното избирање и уредување (заедно „Материјали“ што се сопствен имот на Edito или на давателите на лиценца на Edito и се заштитени со меѓународните закони за авторски права.
  • Кориснички содржини. Услугите може да ви дозволат вам или на други корисници да создавате, објавувате, испраќате или чувате пораки, фотографии, текстови и други материјали („Кориснички содржини“). Edito не тврди дека ги поседува или контролира, не презема одговорност ниту ќе биде одговорен за какви било објавени, зачувани или поставени кориснички содржини од вас или од која било друга трета страна или за каква било загуба или оштетување на истите.
  • Содржини од трета страна. Услугите може да вклучуваат содржини од трета страна и линкови до веб-страници или содржини коишто ги поседуваат или со коишто управуваат трети страни (заедно „Содржини од трета страна“). Edito не ги поседува, контролира ниту поддржува содржините од трета страна и не ги претставува и не гарантира за содржините од трета страна на никаков начин. Признавате и се согласувате дека Edito не е одговорен и не презема одговорност на кој било начин и за кои било содржини од трета страна и не презема одговорност да ги ажурира или прегледува содржините од трета страна. Корисниците ги користат содржините од трета страна на сопствен ризик.

4. Ограничена лиценца

  • Edito. Edito ви дава ограничена лиценца, без можност за подлиценца, за да пристапите до и да ги користите услугите само за лична употреба. Таквата лиценца е предмет на овие правила и не вклучува: (а) каква било препродажба или комерцијална употреба на споменатите услуги или материјали; (б) дистрибуирање, јавна изведба или јавно покажување на материјалите; (в) менување или друг изведен начин на користење на материјалите или кој било дел од нив; (г) преземање (освен кеширањето на страницата) на кој било дел од услугите, материјалите или кои било информации содржани во нив, освен како ако е изречно дозволено за услугите; или (д) каква било употреба на услугите или материјалите надвор од нивната намена. Секоја употреба на услугите или материјалите што не е конкретно овластена според кажаното овде без претходна писмена дозвола од Edito е строго забранета и ќе ја поништи лиценцата доделена овде. Таквото неовластено користење може и да ги прекрши важечките закони, вклучувајќи ги без ограничување и законите за авторски права и заштитни трговски марки и важечките прописи и статути за комуникација. Освен ако овде не е изречно наведено, ништо од овие правила не смее да се протолкува како давање на каква било лиценца за права на интелектуална сопственост, без разлика дали е тоа со ограничување (estoppel), имплицитно или на друг начин. Edito може да ја отповика лиценцата во секое време.
  • Корисници. Ако поднесете или објавите кориснички содржини на услугите, освен ако не е поинаку назначено од нас, му давате на Edito неотповиклива, трајна, неексклузивна лиценца без авторски надоместоци со можност за подлиценца што важи во целиот свет за да ги користи, репродуцира, менува, прилагодува, објавува, преведува, дистрибуира, изведува и прикажува корисничките содржини во други дела, во каква било форма, медиум или технологија што е сега позната или ќе биде подоцна развиена, вклучувајќи и за промотивни или рекламни цели. Со поднесување или објавување на кориснички содржини на услугите, потврдувате и гарантирате дека: (а) тие кориснички содржини не се доверливи; (б) ги поседувате и контролирате сите права за корисничките содржини што ги објавувате или, во спротивно, дека ги имате сите неопходни права да објавувате такви кориснички содржини на услугите; (в) корисничките содржини се точни и не наведуваат на погрешно мислење, ниту пак се штетни на каков било начин и дека (г) корисничките содржини и вашето користење и објавување на истите во врска со услугите не ги и нема да ги прекрши правилата ниту кој било важечки закон, правило или пропис.

5. Кориснички содржини и интерактивни области

Во некои од нашите услуги се вклучени и интерактивни области („Интерактивни области“) во коишто вие или некој друг корисник може, помеѓу другото, да создава, објавува, испраќа или да чува кориснички содржини. Кога учествувате во интерактивните области, разбирате дека некои кориснички содржини може да се прикажат јавно или на избрани корисници. Одговорноста за тоа како ги употребувате услугите и интерактивните области е само ваша и ги користите на сопствен ризик.

Овие правила не предизвикуваат разумно очекување или ветување дека услугите нема да содржат никаква содржина што е забранета со правилата. Иако Edito нема обврска да ги разгледува, уредува или следи корисничките содржини објавени на услугите, Edito го задржува правото и има целосна дискреција да пристапи до информациите поврзани со вашето користење на услугите и да ги следи, открие и зачува истите, вклучувајќи ги, без ограничување, корисничките содржини или информациите што Edito ги стекнува за вас преку вашето користење на услугите, кога Edito верува, со добри намери, дека е неопходно да се постапи така (а) за да се почитуваат важечките закони или како реакција на правна постапка од надлежните власти; (б) за да се применат овие правила или да се заштитат правата или правата на сопственост на Edito и неговите корисници; (в) да се спречи губење на нечиј живот или сериозна повреда или (г) за да се спречат потенцијално нелегални или прекршочни активности.

6. Прифатлива употреба на услугите

Се согласувате дека со вашето користење на услугите, вклучувајќи и објавување на кориснички содржини, нема да се прекршат никакви закони, договори, права на интелектуална сопственост или други права на трети страни, ниту пак тоа ќе претставува кривично или прекршочно дело и дека одговорноста за вашето однесување при користење на услугите е само ваша. Се согласувате и да не:

  • ги користите услугите на начин којшто би можел да ги попречи, наруши, негативно да влијае или да ги спречи другите корисници целосно да уживаат во услугите или којшто би можел да го оштети, оневозможи, преоптовари или наруши работењето на услугите на каков било начин;
  • учествувате во дискриминација, клевета, омраза, малтретирање, грубост, непристојност, закана, физичка опасност, незаконитост или други видови на неприфатливо однесување;
  • се обидувате на кој било начин да покажете дека имате некаква врска со нас или дека сме ве поддржале вам или вашите производи или услуги за каква била цел;
  • испраќате ненарачани или неовластени реклами, барања, промотивни материјали, несакана или непотребна пошта, верижни писма или пирамидални шеми и да не собирате адреси на е-пошта или други информации за контакт на другите корисници од услугите за испраќање несакана пошта или други комерцијални пораки;
  • се обидувате да вршите обратно инженерство на кој било аспект на услугите и да не правите ништо со што би можело да се открие изворниот код и да се заобиколат или одбегнат поставените мерки за спречување или ограничување на пристапот до некоја област, содржина или код на услугите (освен како што е изречно дозволено со закон);
  • се обидувате да користите нечија друга сметка без дозвола од тој корисник и од Edito и да не објавувате, поставувате на, пренесувате, дистрибуирате, чувате, создавате или на друг начин да објавувате или испраќате кориснички содржини преку услугите што содржат лични информации за кое било лице, вклучувајќи, без ограничување, имиња, адреси, адреси на е-пошта или податоци од кредитни картички;
  • објавувате, поставувате на, пренесувате, дистрибуирате, чувате, создавате или на друг начин да објавувате или испраќате вируси, загрозени податоци или други штетни, нарушувачки или уништувачки датотеки преку услугите;
  • создавате какви било апликации од трета страна што воспоставуваат заемодејство со корисничките содржини или со услугите без наша претходна писмена согласност и да не
  • користите робот, готови елементи од други страници (iframe), програма за следење линкови со цел собирање на информации (spider или crawler) или други автоматизирани средства или интерфејси што не се дадени од нас за да пристапите до услугите, вклучувајќи и, без ограничување, за копирање, извлекување, агрегирање, прикажување, објавување или дистрибуирање на какви било содржини и податоци достапни преку услугите.

7. Регистрација и безбедност

Некои од нашите услуги може да ви побараат или да ви дозволат да создадете сметка кај нас, со корисничко име и лозинка. Кога се регистрирате за сметка, се согласувате дека ќе (а) давате само точни, целосни и ажурирани информации, (б) ги одржувате и навремено ќе ги ажурирате информациите за сметката, (в) одржувате доверливост и безбедност на корисничкото име и лозинката (г) ги прифатите сите ризици и одговорности поврзани со каков било овластен или неовластен пристап до вашата сметка и дека (д) веднаш ќе го известите Edito ако откриете или пак се сомневате за некакво неовластено користење на вашата сметка.

8. Претставки

Edito има посветени и страствени обожаватели. Секоја недела, добиваме стотици прашања и предлози за нашите производи и услуги. Иако би сакале да ги искористиме идеите на обожавателите за да развиеме вистински производи и услуги, поради количината на барања што ги добиваме и ресурсите што би биле потребни за тие да се обработат, не прифаќаме ненарачани идеи за производи или услуги. Ако поднесете предлози за производ, прашања, творечки материјали, идеи или други информации за нашите услуги или за Edito („Претставки“), тие претставки, без разлика дали се поднесени преку услугите или на друг начин, нема да бидат доверливи и Edito автоматски ќе стане нивен единствен сопственик. Edito ќе ги поседува, а вие со ова му ги доделувате на Edito сите права, титули и интереси, вклучувајќи ги и правата на интелектуална сопственост над тие претставки и Edito ќе добие право неограничено да ги користи и распространува таквите материјали за каква било цел, комерцијална или поинаква, без признание и компензација за вас. Се согласувате да ги издадете сите документи побарани од Edito (во согласност со дискреционо право и слободна проценка) да го потврдите доделувањето на тие претставки и нивното неограничено користење и распространување од страна на Edito

9. Известување за користење/прекршување на авторски права

Edito ја почитува интелектуалната сопственост на другите. Ако сметате дека делото ви е копирано на начин што претставува прекршување на авторските права, обратете ни се до
EDITO SARL
Attn: Одредби за користење
16 Rue Des Myotis
S Hub - ZAC Meilbourg
57970 Yutz
Франција

10. Менување/прекинување на услугите

Edito го задржува правото да ги менува, ажурира или прекине нашите услуги или кои било нивни одлики и делови без претходно известување. Се согласувате дека може да ви го суспендираме или прекинеме правото на пристап до нашите услуги во секое време, поради која било причина, без известување, обврска и одговорност кон вас.

11. Одрекување од гаранции и ограничување на одговорност

КОРИСТЕЊЕТО НА УСЛУГИТЕ Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. НИТУ ЕДНА УСНО ИЛИ ПИСМЕНО ИСКАЖАНА ИНФОРМАЦИЈА ИЛИ СОВЕТ ОД СТРАНА НА EDITO ИЛИ НЕГОВИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НЕ СОЗДАВА ГАРАНЦИЈА. УСЛУГИТЕ СЕ ДАВААТ „ОНАКВИ КАКВИ ШТО СЕ“ БЕЗ НИКАКВА ГАРАНЦИЈА. EDITO СЕ ОДРЕКУВА ОД СИТЕ ГАРАНЦИИ ВО ОДНОС НА УСЛУГИТЕ, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИТНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА, СИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА НЕПРЕКРШУВАЊЕ ИЛИ ИМПЛИЦИТНИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА ТРГОВИЈА И ПОГОДНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ. ДО НАЈВИСОКИОТ СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ЗАКОН, EDITO И НЕГОВИТЕ ПОВРЗАНИ ФИРМИ, ПРИМАТЕЛИ ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА И ИЗВЕДУВАЧИ („СТРАНИ НА EDITO“) НЕМА ДА ВИ ОДГОВАРААТ ЗА КАКВИ БИЛО ПОСЕБНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ШТЕТИ ОД КАКОВ БИЛО ВИД ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ВАШИОТ ПРИСТАП, КОРИСТЕЊЕ, ЗЛОУПОТРЕБА ИЛИ НЕМОЖНОСТ ДА ГИ КОРИСТИТЕ УСЛУГИТЕ, ДУРИ И АКО EDITO БИЛ ПРЕДУПРЕДЕН ДЕКА ИМА МОЖНОСТ ДА НАСТАНАТ ТАКВИ ШТЕТИ. ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ, ЗБИРНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНИТЕ НА EDITO КОН ВАС ВО ВРСКА СО КАКВИ БИЛО ПОБАРУВАЊЕ ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО УСЛУГИТЕ Е ОГРАНИЧЕНА НА ИЗНОСОТ ШТО ВСУШНОСТ СТЕ ГО ПЛАТИЛЕ (АКО ИМА ТАКОВ) ЗА УСЛУГИТЕ ШТО СЕ ПРЕДМЕТ НА ПОБАРУВАЊЕТО. АКО НАШАТА СПОСОБНОСТ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ИЛИ ОДРЕКУВАЊЕТО ОД ГАРАНЦИИ Е ОГРАНИЧЕНА СО НЕКОЈ ЗАКОН, ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА МОЖЕБИ НЕ ВАЖАТ ЗА ВАС. ВО ТОЈ СЛУЧАЈ, ЈА ОГРАНИЧУВАМЕ НАШАТА ОДГОВОРНОСТ И СЕ ОДРЕКУВАМЕ ОД ГАРАНЦИИТЕ ДО НАЈВИСОКИОТ СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ЗАКОН.

12. Обесштетување

Ако страните на Edito подлежат на некакви реални или ако постои закана од некакви побарувања, трошоци, штети, загуби или други долгови (заедно „Покриени загуби“) како резултат на вашето користење на која било од услугите или сите податоци, информации или други елементи што ќе ги направите достапни преку услугите, вклучувајќи ги и корисничките содржини, тогаш се согласувате да ги обесштетите страните на Edito од сите такви покриени загуби заедно со поврзаните трошоци, како на пример разумен адвокатски надоместок.

Се согласувате и да ги обесштетите страните на Edito за сите покриени загуби што произлегле од или се поврзани со: (а) секоја претставка што ќе јај поднесете; (б) прекршување од ваша страна на овие правила и (в) прекршување од ваша страна на правата на некој друг. Во некои надлежности, потрошувачките обесштетувања се ограничени, така што некои или сите одредби за обесштетувањето може да не важат за вас. Ако сте обврзани да нè обесштетите, ќе имаме право, по наша сопствена и непречена дискреција, да ги контролираме сите дејства или постапки и да утврдиме дали сакаме да го решиме тоа и, ако е така, под кои услови.

13. Решавање на спорови; Обврзувачка индивидуална арбитрација; Ослободување од колективна тужба

  • Одделот за кориснички услуги е достапен да ги разреши сите проблеми што може да ги имате во врска со Услугите. Може да им се обратите по е-пошта на [email protected] или по обична пошта испратена на:
    EDITO SARL
    Attn: Одредби за користење
    16 Rue Des Myotis
    S Hub - ZAC Meilbourg
    57970 Yutz
    Франција
  • Сите прашања коишто не можеме да ги решиме и сите спорови или барања што произлегуваат од или се поврзани со овие правила или со вашето користење на услугите (секое посебно наречено „Барање“), освен прашањата опишани подолу во 13(г), ќе бидат конечно решени со обврзувачка арбитрација управувана од Меѓународната арбитражна комора на Париз во согласност со одредбите на нејзините Правила за трговска арбитрација и дополнителните постапки за спорови поврзани со потрошувачи на Меѓународната арбитражна комора на Париз („МАКП“), со исклучок на сите правила или постапки според коишто се води или дозволува колективна тужба. Арбитерот, а не сојузен, државен или локален суд или агенција, ќе има ексклузивно овластување да ги реши сите барања. Арбитерот ќе има моќ да додели каква било помош што е достапна за во суд или во капитал. Наградата на арбитерот ќе биде обврзувачка за странките и може да се внесе како пресуда во кој било суд на надлежната јурисдикција. Странките разбираат дека без оваа задолжителна одредба, може да имаат право да го тужат судот и да добијат судење со порота. Разбираат и дека, во некои случаи, цените на арбитрацијата би можеле да ги надминат трошоците за спорот и дека правото на приложување докази може да биде поограничено при арбитрација, отколку на суд. СЕКОЈА ВАКВА АРБИТРАЦИЈА ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ОД СТРАНА НА СТРАНКИТЕ И САМО ВО НИВНИОТ ПОЕДИНЕЧЕН КАПАЦИТЕТ, А НЕ КАКО КОЛЕКТИВНА ТУЖБА ИЛИ ДРУГО ПРЕТСТАВНИЧКО ДЕЈСТВО И СТРАНКИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД НИВНОТО ПРАВО ДА ПОДНЕСАТ КОЛЕКТИВНА ТУЖБА И ДА БАРААТ ПОМОШ НА КОЛЕКТИВНА ОСНОВА. Ако кој било суд или арбитер утврди дека ослободувањето од колективна тужба наведено во претходната реченица е неважечко или неспроведливо поради која било причина или дека арбитрацијата може да продолжи на колективна основа, тогаш одредбата за арбитрација наведена во овој Дел 13 ќе се смета за целосно ништовна и неважечка и дека странките не се согласиле да ги арбитрираат барањата.
  • До правилата според кои се води арбитрацијата може да се пристапи на www.arbitrage.org или со повик до МАКП на +33 142 369 965. До степен каде што таксата за арбитрацијата ја надминува таксата за тужба, ќе ја платиме разликата во таксите. Ако арбитерот одлучи дека арбитрацијата е основана, ќе го платиме целиот износ за поднесувањето на барањето за арбитрација и надоместоците за арбитерот, под услов барањето да ви е помало од 100 000 евра. Во одредени случаи, според правилата на арбитрацијата може да ви се вратат и адвокатските надоместоци.
  • Делот 13(б) не важи за ниту едно барање (1) во коешто некоја од странките се обидува да ги заштити своите права на интелектуална сопственост (како на пример патент, авторски права, заштитна трговска марка, трговска тајна или морални права, но не вклучувајќи ги правата на приватност или публицитет) или (2) што би можело да се даде пред суд за мали барања.
  • 30-дневно право за да се исклучите од користење на услугата. Имате право да се изземете од одредбите од Дел 13 испраќајќи писмено известување за одлуката да бидете изземени што ќе ја испратите на следната адреса:
    EDITO SARL
    Attn: Одредби за користење
    16 Rue Des Myotis
    S Hub - ZAC Meilbourg
    57970 Yutz
    Франција
    во рок од 30 дена од почетокот на користењето на услугите. Ако испратите вакво известување, Делот 13 нема да се однесува на ниедна страна. Ако не го испратите ова известување, тогаш се согласувате да го почитувате Делот 13.
  • Вие и Edito се согласувате дека Трговскиот суд во Париз, Франција има ексклузивна надлежност над сите жалби на одредена награда за арбитрација и над сите тужби помеѓу странките што не се предмет на арбитрација. Сите спорови помеѓу странките ќе се водат според овој договор и според француските закони, без примена на какви било принципи за конфликтни закони што би можело да овозможи примена на закон од друга надлежност.

14. Разно

Ако се утврди дека кој било дел од овие правила се е незаконски, неважечки или несроведлив поради која било причина, тогаш тој дел ќе се отстрани од правилата, а остатокот од правилата ќе остане цел. Ако не спроведеме некоја одредба од овие правила, тоа нема да се смета како одрекување од нашите права. Секое одрекување од овие правила мора да се добие во писмен документ потпишан од овластен претставник на Edito.

15. Промени во овие правила

Може да ги менуваме правилата понекогаш. Ако го направиме тоа, ќе дадеме известување за сите промени, на пример со објавување на последната верзија на нашите услуги и со ажурирање на датумот „Последно ажурирано“ погоре. Може да ги видите најновите правила во секое време со кликнување на линкот „Правила за употреба“ на дното од важечката веб-страница. Ве поттикнуваме редовно да проверувате дали има ажурирања. Ако продолжите да ги користите услугите по давањето на некое наше известување, потврдувате дека сте се согласиле со дополнетите правила. Ако не се согласувате со дополнатите правила, мора да престанете да ги користите услугите.

Последно ажурирано: 1 јуни 2020 г.