Политика за приватност

Лични податоци

Во рамките на Општата регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ (GDPR), личните податоци се дефинирани како:

„Секоја информација што се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице што може да се идентификува („предмет на податоци“); физичко лице што може да се идентификува е она што може да биде идентификувано, непосредно или посредно, особено во поглед на идентификатор како на пр., име, идентификациски број, податоци за локација, онлајн идентификатор или во поглед на еден или повеќе фактори карактеристични за физичкиот, физиолошкиот, генетичкиот, менталниот, економскиот, културолошкиот или социјалниот идентитет на тоа физичко лице.“

Единствените лични податоци што ги собира Sudoku.net се следниве: Име и презиме, е-адреса, јазик.

Како ги користиме вашите податоци

Sudoku.net ќе ги собира и користи личните податоци на играчите само за:

  • отстранување на проблеми
  • праќање известувања по е-пошта, како известувања за техничка поддршка, издавање на нови верзии, издавање на нови производи и сезонски билтени

Зошто Sudoku.net треба да ги собира и чува личните податоци?

За да ви овозможиме одлична корисничка поддршка, треба да ги собираме личните податоци само за одржување комуникација. Посветени сме на тоа да се осигураме дека информациите што ги собираме и користиме се соодветни за таа намена и дека тоа не ја нарушува вашата приватност. Sudoku.net ќе ги контактира играчите за рекламни цели кога се достапни нови верзии и производи.

Дали Sudoku.net ќе ги сподели вашите лични податоци со некој друг?

Не. Sudoku.net никогаш нема да ги сподели вашите лични податоци со трети страни.

Како Sudoku.net ќе ги користи личните податоци што ги собира?

Sudoku.net ќе ги обработува (собира, чува и користи) информациите што ќе ги дадете на начин којшто е во согласност со Општата регулатива за заштита на податоци (ОРЗП) на ЕУ. Ќе настојуваме да ги чуваме вашите информации прецизни и ажурирани и да не ги чуваме подолго од што е потребно. Од Sudoku.net се бара да задржува информации во согласност со законот, како што се потребните информации за данок на доход и ревизија. Колку треба да се чуваат одредени видови лични податоци може да се утврдува и од конкретните барања на деловната дејност и на договорените практики. Личните податоци може да се чуваат и по таквите периоди, во зависност од потребите на поединечни бизниси.

Под кои околности Sudoku.net ќе ве контактира?

Нашата цел е да не бидеме нападни и се залагаме за тоа да не се поставуваат неважни или непотребни прашања. Освен тоа, информациите што ги давате ќе подлежат на строги мерки и процедури за намалување на ризикот од недозволен пристап или откривање.

Може ли да дознаете кои ваши лични податоци ги има организацијата?

На ваше барање, Sudoku.net може да потврди кои информации за вас ги чува и како тие се обработуваат. Ако Sudoku.net чува ваши лични податоци, може да ги побарате следниве информации:

  • идентитетот и деталите за контакт на лицето или организацијата што одлучила како и зошто да се обработуваат вашите податоци.
  • деталите за контакт на службеникот одговорен за заштита на податоци, каде што е применливо.
  • целта на обработувањето, како и правната основа за него.
  • дали обработувањето на податоците се заснова врз легитимни интереси на Sudoku.net или информации за нив.
  • кои категориите на лични податоци што се собираат, чуваат и обработуваат.
  • кој е/се примачот/ите или категориите на примачи на коишто податоците им се обелоденети/ќе им се обелоденат.
  • ако имаме намера да ги пренесеме личните податоци во трета земја или во меѓународна организација, на кој начин ќе се погрижиме тоа да се одвива безбедно. ЕУ одобри испраќање на лични податоци до некои земји затоа што го исполнуваат минималниот стандард за заштита на податоци. Во други случаи, ќе се погрижиме да се постават конкретни мерки за да ви ги заштитиме информациите.
  • Колку долго ќе се чуваат податоците.
  • Детали за вашите права да го поправите, избришете, ограничите или оспорите таквото обработување.
  • Информации за вашето право да ја повлечете согласноста во секое време.
  • Како да поднесете жалба кај надлежниот надзорен орган.
  • Дали давањето на лични податоци е уставно или договорно задолжително или барање коешто е неопходно за да се стапи во некаков договор, како и дали сте обврзани да ги дадете личните податоци и кои се можните последици ако не ги дадете.
  • Сите детали и информации за автоматско донесување одлуки, како на пример профилирање и сите значајни информации во врска со вклучената логика, како и важноста и очекуваните последици од таквото обработување.

Каков вид на документ за идентификација ќе треба да приложам за да добијам пристап?

Sudoku.net ги прифаќа следните форми на документи за идентификација при барање на информации во врска со вашите лични податоци: пасош, возачка дозвола, извод од матична книга на родени, сметка за комуналии (од последните 3 месеца).

Детали за контакт:

EDITO SARL
Attn: GDPR
16 Rue Des Myotis
S Hub - ZAC Meilbourg
57970 Yutz
Франција

Последно ажурирано: 1 јуни 2020 г.